Занимливости

Вежбате, а немате резултати: Еве како да добиете мускули

Во нашиот организам има 752 мускули кои покрај естетската функција ја имаат и онаа другата, позначајната – заедно со коските го движат нашето тело. Затоа е многу важно да ги негуваме и никако да не ги преоптоваруваме.


Атрофијата е состојба во која ткивото ја смалува силата на мускулите како резултат на недостаток на физичка активност. Меѓутоа, понекогаш се случува и покрај тоа што редовно вежбате никако да не добиете дефинирани мускули. Еве зошто:

Прескокнувате оброци поради физичка активност

Ако не јадете по вежбањето за да не го уништите својот труд, се лажете и не си правите никаква услуга.
Токму периодот по тренингот е клучен за закрепнување на мускулите и за нивно зголемување. Консумирањето протеини е неопходно за да го нахраните својот организам и да придонесете за напредок на мускулите.

Не внесувате доволно протеини

Живеете во заблуда ако мислите дека комбинацијата од тренинг и консумирање протеини ќе направи да изгледате како бодибилдер.

Ако на телото му ги скратувате овие витамини, не можете да го одржите балансот и оневозможувате каков било развој на мускулите. На менито секогаш морате да имате пилешко месо, телешко или говедско, риба, белковини, протеински шејкови и посни сирења, бидејќи тие се одличен извор на протеини.

Се плашите од јаглехидрати

Точно е дека не се пожелни, ама сепак се неопходни. Важно е да имате разновидна исхрана, а покрај мастите јаглехидратите се единствен извор на енергија за телото. Тие го поттикнуваат процесот на трансформација на гликозата во АТП (енергијата што му е потребна на телото за работа).

Наједноставно кажано, ако количеството јаглехидрати се намали, наместо гликоза, телото ќе почне да користи протеини.

Знаејќи дека мускулите се изградени од белковини (протеини), телото ќе почне да ги користи токму мускулите како извор на енергија. Затоа избегнувајте го овој процес, бидејќи така сигурно нема да добиете истакнати и дефинирани мускули.

(Телеграф.мк/lepotaizdravlje.rs)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button