Најдобра напивка против запек | +инфо
Секој од нас барем еднаш во животот доживеал непријатна епизода со дигестијата: запек, дијареа или подуеност. Од запек, или стручно кажано констипацијата, страдаат многу луѓе од кои три четвртини се жени. Но, за овој проблем не се зборува често, заради срамот или заради верувањето дека не постои решение.
Запекот се карактеризира со намален број на столици, нивната тврдост, како и отежнатото празнење на цревата. Како причини за тоа најчесто се издвојуваат промените на секојдневните навики (патувања, привремено мирување, преобилно оброци), земање лекови (на пример, одредени седативи или лекови против киселини) или разни болести како дијабетес, тумор, синдром на раздразнети црева, мултиплекс склероза, но честа појава е и за време на бременост.
Запекот не е безопасен!
Запекот може да предизвика други многу непријатни болести како оштетување на слузницата на аналниот канал, чир на ректумот и многу често, хемороиди. Запекот може да се јави само повремено или пак да прерасне во хроничен проблем доколку потрае подолго од шест дена.
Констипацијата често е проследена со замор бидејќи организмот е оневозможен нормално да ги исфрла токсините од цревата. Кога текот на цревната содржина е прекинат или забавен, слузницата на цревата подолго време ја впива водата, заради што столицата станува тврда. Пожелно би било да имате една до две столици на ден, кои се со средна конзистенција, односно да не се ниту премногу тврди, ниту премногу меки. Иако ова е идеалниот случај, денес е речиси невозможно да се одржи.
На сите кои имаат хронични проблеми со варењето и страдаат од долготраен запек, им се препорачува да го подготват следниот напиток.
Напивка против запек
Состојки:
Свежи листови од 1 зелка
200-300 мл кисело млеко
Постапка:
Изберете квалитетна, млада и свежа зелка. Одвојте ги листовите и убаво измијте ги, а потоа ставете ги во блендер. Додадете го киселото млеко и добро измиксајте. Наутро и навечер консумирајте по една шолја од напивкат.
Овој рецепт против констипација брзо ќе го поттикне дигестивниот систем на правилно фукнционирање. Пробајте го и вие бидејќи се приготвува лесно и брзо, а ефикасен е и здрав за целиот организам.
Подготви: K. A.
