Занимливости

Совети за идните родители на новата страница „Здрава бременост“




Совети за идните родители на новата страница „Здрава бременост“
Објавеново 08:57 06 ноември 2014|Прочитано731|Печати

Министерството за здравство креираше страница на Фејсбук „Здрава бременост“, која од вчера е активирана на оваа социјална мрежа и е наменета за стручни совети и консултации за бременоста.

 

Почнувајќи од денес, по еден доктор-гинеколог дневно ќе одговара на прашањата кои биле поставени во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења со идните родители.

 

Денеска после 19 часот, на сите прашања кои дотогаш ќе бидат поставени на социјалната мрежа, ќе одговори д-р Марија Хаџи Лега, директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Во наредните денови, на поставените прашања ќе одговараат и следните доктори: д-р Весна Ливринова, д-р Горан Кочоски, д-р Ана Данева, д-р Иво Ќаев, д-р Роса Спасова, д-р Катерина Маџункова, д-р Ирена Тодоровска, д-р Корнелија Трајкова, д-р Миле Тантуровски, д-р Арта Бина и д-р Габриела Бушиновска.

 

Прашањата се поставуваат во коментар или во приватна порака на страната, а одговорот се добива во приватна порака. Одговорите на најчесто поставуваните прашања ќе бидат и јавно споделени (анонимизирано, без објавување на лицето што го поставило прашањето), со цел информирање на пошироката јавност.

 

Со ваквиот начин на комуникација, велат од Министерството, овозможуваме директно и непосредно споделување на стручни медицински совети со идните родители, со цел заштита на здравјето на мајката и детето.

 

Меѓу првите совети е тој за правилно и потполно пополнување на Мајчината книшка, која бремената жена ја носи со себе на прегледите и во која редовно треба да се впишуваат наодите од сите гинеколошки прегледи. Правилно и потполно пополнетата Мајчина книшка помага за навремено откривање на неправилности во текот на бременоста, а воедно овозможува дежурниот доктор во родилиштето да ги добие сите потребни информации за дотогашниот тек на бременоста, појаснуваат од Министерството.

 

Подготви: Б.И.

 

 

 

 

 







Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
















Напиши коментар


Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.


*Задолжително поле


*
Внесете валидна e-mail адреса


*Задолжително поле







Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button