Занимливости
Состојка на канабисот им помага на коските
Истражување на израелски научници од универзитетот во Тел Авив, покажува дека состојка на канабисот може да го забрза зазравувањето на коските по фрактури.
Во експериментите спроведени врз животни е утврдено дека канабиноидот наречен CBD доведува до побрзо зацелување на коските во рок од осум недели.
Претходни студии веќе покажаа дека канабиноидните рецептори во организмот го стимулираат формирањето коски и го инхибираат губењето на коскена маса.
Научниците веруваат дека CBD има клинички потенцијал и за третирање на остеопороза.
Според нив, докажано е дека CBD нема негативни нус појави.
