Занимливости

Вашето здравје е во еден филџан зелен чај

„Чајот настанал како лек, а прераснал во напивка“, го цитираат Јапонците својот славен Какузо Окакура, инаку автор на славната „The Book of Tea“.  Се осврнуваме токму на лековитоста на зелениот чај, кој го нарекуваме и „вистински чај“, заради теинот. Дознајте зошто би требало да го пиеме секојдневно.

zelen_caj-e1347015566634

Чајот врз човечкиот организам дејствува на следниов начин:

– ја подобрува циркулацијата на крвта

– ја поттикнува луцидноста и менталната диспозиција

– ја олеснува елиминацијата на алкохолот и на другите штетни супстанции

– ги зголемува одбранбените сили на организмот во однос на многу болести

– го спречува паѓањето на забите

– го забрзува метаболизмот

– има антитоксично и регенеративно влијание врз кожата

– спречува анемија

– ја прочистува урината

– помага при варењето

– го избиструва видот

– ги намалува болестите на зглобовите

– ја гаси жедта

– го намалува претераното излачување слуз

– ги отстранува заморот и депресијата

– го продолжува животот

Ви предлагаме два лековити рецепти со зелен чај:

За висок притисок – чај со банана

Овој чај секој ден можат да го пијат сите што се постари од 45 години.

– банана

– зелен чај

– пола шолја вода

Исечете парче банана од околу 2,5 см за една шолја чај, згмечете го и ставете го на дното од шолјата. Додадете ливчиња чај и долејте зовриена вода. Оставете да постојат две, три минути и испијте.

За настинка – чај со ѓумбир и млад лук

Ви треба сув корен од ѓумбир и две млади лука (само белиот дел). Исечете го коренот од ѓумбир на парчиња со дебелина од три мм, а исто така и младиот лук. Ставете ги во чајник и додадете зелен чај по желба и долејте врела вода. Овој чаен напиток можете да го засилите и со неколку зрнца морска сол.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button