Време е за чистење на организмот
Насобравте вишок на килограми, отечени сте и полни со токсини? Заради сето ова сте безволни и не ви е до ништо. Овие совети би можеле да ви помогнат.

Овошниот чај заменете го со зелен
Кој сака брзо да дојде во форма, има потреба од чај што бргу ги согорува маснотиите. Истражувањата покажуваат дека зелениот чај го активира метаболизмот и помага при слабеење. Затоа пијте неколку шолји чај дневно.
Рибиното масло ги согорува маснотиите
Рибиното масло го активира метаболизмот, а со тоа и губењето на вишокот килограми. Една неодамнешна студија покажала дека оние кои редовно го земаат ова масло како додаток во исхраната можат да изгубат два килограми за три месеци без вежбање и промена на исхраната. Рибиното масло му помага на организмот да ги согори маснотиите.
Избегнувајте сол
Ако ја намалите употребата на сол во исхраната многу брзо ќе изгледате послаби и помалку надуени. Преголеми количини на сол предизвикуваат задржување на вода во организмот, особено во подрачјето на лицето и стомакот. Избегнувајте солени грицки и преработена храна.
Заборавете на шеќерот
Освен шеќер, избегнувајте и „лајт“ производи затоа што се полни со вештачки засладувачи, но и со калории. Ако внесените калории не ги потрошите со вежбање, тие во облик на маснотии ќе се складираат околу половината. Шеќерот исто така ја зголемува гладта. Заменете го со стевија.