Откриена причината зошто милениците штитат од алергии
Уште одамна научниците се запознаени со фактот дека деца кои растат со куче или мачка, или живеат на фарма со животни, имаат значително помали шанси да развијат астма или алергии. Меѓутоа, сè до сега не бea сигурни што е она што го штити човекот од алергии.

Досега верувале дека децата ги штити таканаречената „хигиенска хипотеза“-идеја дека модерниот живот е премногу чист и со тоа нашиот имунолошки систем не е изложен на доволен број бактерии, вируси и паразити за да се изгради правилен имунитет, објави Time.
Тим истражувачи од Универзитетот во Мичиген направи тестирање во кое изложи група глувци на прашина од куќата на еден сопственик на куче, а другата група глувци останале неизложени. Глувците кои биле изложени на кучето, покажале помали знаци на воспаление на воздушните патишта.
Меѓутоа, не ги штитела прашината, туку микробите во неа, кои всушност ги преобликувале околината на живите организми во грлата на глувците.
Една од идентификуваните бактерии е Lactobacillus johnson, која била најприсутна во грлата на глувците што биле изложени на прашината од куче.
Охрабрувачкиот момент од истражувањето е фактот што прашината поврзана со кучињата активирала имуна реакција против микробите поврзани со астмата кај децата.
