Револуционерно: Откриен антибиотик кој ги убива и супербактериите
Научниците открија нов вид антибиотик кој може да убие широк спектар опасни и резистентни бактерии, прв во последните 30 години, пишува „Лајфсајанс“.
Во лабораториските експерименти бактериите не развиле отпорност кон новиот лек наречен тиксобактин (teixobactin) и многу е веројатно дека ќе им бидат потребни неколку децении да станат отпорни.
„Тиксобактин е лек кој ветува. Многу е ефектен против резистентните патогени во неколку случаи на инфекции кај животните“, напишале истражувачите во својот извештај.
Проблемот со бактериите кои се отпорни на антибиотици е сериозна животна закана, и пронаоѓањето нови антибиотици е многу тешка работа. Постоечките методи за изолација на супстанциите од бактериската култура обично ги изолираат само антибиотиците кои веќе се во употреба, се наведува во студијата. Меѓутоа, во овој случај истражувачите развиле свежи методи за пронаоѓање на антибиотикот. Тие проучувале 10.000 синџири на бактерии кои живеат во тлото, а ги одгледувале во природно опкружување. Потоа ги изолирале супстанциите кои ги направиле бактериите и ги тестирале на бактериите кои предизвикуваат болести. Новооткриениот антибиотик, тиксобактин, бил една од супстанциите.
Истражувањето е во рана фаза и уште не се знае дали антибиотикот ќе биде ефикасен во лекувањето кај луѓето, како што е ефикасен кај животните.
Подготви: К. А.