Занимливости

Лазаров го најавува Мундијалот во Катар

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров за официјалниот YouTube канал на Мундијалот во Катар, изјави дека очекува најдобро организирано Светско првенство досега.

Лазаров ги повика љубителите на ракометот да дојдат во оваа земја и да уживаат во магијата на оваа игра.

Мундијалот во Катар кој ќе се одржува во јануари, за Лазаров ќe биде четврти во кариерата. Претходно тој учествуваше на Светските првенства во Египет, во Хрватска каде беше најдобар стрелец и во Шпанија.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button