Занимливости

ВАКЦИНА ПРОТИВ ЕБОЛА: И да се одобри, нема да помогне

Националниот институт за алергии и инфективни болести на САД (НАИД), кој всушност е разгранок на Националниот институт за здравје (НИХ) кој ги надгледува истражувањата за инфективните болести од типот на ебола, сида и бореола, вчера потврди дека следната недела ќе се отпочне со првите од серијата опити со вакцини за превенција од заразување со ебола.

Првото тестирање ќе се изврши врз 20 здрави, незаразени доброволци во НИХ во Бетесда, Мериленд, САД. Тие ќе бидат тестирани во секвенции по тројца одеднаш, со постојан мониторинг на безбедноста на вакцината.

(Фото: ЕПА)

(Фото: ЕПА)

Подоцна во текот на годината ќе почне испитување на истата вакцина, но овој пат произведена од „Глаксо Смит Клајн“, повторно на мала група здрави, незаразени волонтери, овој пат во Велика Британија, како и во Мали и во Гамбија – земји кои не се зафатени од еболата, а кои имаат силна здравствена инфраструктура. Исто така, отпочнати се прелиминарни разговори за изведување тестирање на вакцината и во Нигерија, каде што досега има дузина случаи на заразени со ебола во текот на оваа, тековна, епидемија.

Овие вести се охрабрувачки, особено кога доаѓаат по соопштението од СЗО дека се подготвуваат за зголемување на обемот на епидемија, која очекуваат да досегне до 20 000 лица, вклучително со досегашните над 3.000 заразени и 1.552 починати.

Ебола во Либерија (Фото: ЕПА)

Ебола во Либерија (Фото: ЕПА)

Неколку факти за вакцината што ќе почне да се тестира следната недела

Науката зад оваа вакцина е мошне интересна и ги користи сите најнови достигнувања и сознанија на полето на вакцините. Имено, од генот на вирусот на еболата е извлечен еден клучен ген, со што вирусот ја губи способноста да се реплицира. Потоа, извлечениот ген се поставува во друг жив вирус – во овој случај во еден вирус на шимпанзата наречен аденовирус тип 3. Аденовирусот од шимпанзата се користи од неколку причини.

(Фото:macleans.ca)

(Фото:macleans.ca)

Најпрвин, луѓето што ќе ја примат вакцината нема да имаат претходно стекнат имунитет на вирусот. Имено, доколку примателот на вакцината има веќе развиено имунитет на тој вирус, имунитетот на примателот на аденовирусот ќе го уништи самиот вирус и пред да може да се предизвика реакција на имунолошкиот систем на споениот ген, во овој случај со генот од вирусот ебола. Оттаму, со употребата на вектор (вирус кој ќе го носи издвоениот ген во себе како посредник) има повеќе шанси да се надмине овој проблем.

Понатаму, очекувањата се дека аденовирусот кој не е извлечен од човек ќе биде побезбеден од аденовирусот извлечен од човек. Пред речиси две децении, во зората на виралната векторска и генска терапија, еден млад човек со конгенитална болест починал поради прејако воспаление кое било предизвикано од инфузија на аденовирус извлечен од човек. Аденовирусот што тој го примил бил само вектор-преносител на генот што недостигал во неговите клетки. Неговата смрт фрли сенка врз ова поле, која опстојува во траги и денес, особено во правец на тоа дека секој научник и истражувач се стреми до максимум да обезбеди сигурност и безбедност на тестирањата.

Микроскоп (Фото: ANI News)

(Фото: ANI News)

Вакцината што се тестира ќе содржи два гена, по еден од двата типа на вирусот ебола: заирскиот тип, кој ја предизвикува тековната епидемија, и суданскиот тип. Останатите опити што ќе отпочнат наесен ќе тестираат моновалентна вакцина која ќе содржи ген само од заирскиот тип.

Постојат и други вакцини што чекаат на тестирања

Имено, канадската национална лабораторија за микробиологија развива вакцина против еболата. Оваа вакцина е финансирана со јавни пари и владата на Канада изјави дека ќе ја донира како помош за задушувањето на епидемијата на ебола во Западна Африка. „Њулинк џенетикс“ со седиште во Ајвоа работи на тоа да обезбеди лиценца и производство на вакцината. Експертите велат дека функционира слично на вакцината против беснило, во смисла на тоа дека функционира и пред и по изложување на вирусот. Направена е со употреба на вирус наречен весикулар стоматитис (ВСВ).

(Фото:nature.com)

(Фото:nature.com)

И една друга вакцина што е во фаза на подготвување се базира на ВСВ. „Профектус прототипот везикуловакс вектор има покажано дека со една доза ги заштитува мајмуните од смртните последици од ебола и марбург вирусот“, стои во соопштението на „Биосајенс“, компанија од Мериленд, САД, која работи на оваа вакцина.

Националниот институт за алергии и инфективни болести исто така помага во развивањето вакцина од страна на „Крусел“, а која би штитела од неколку типови на вирусот ебола, како и од сродниот вирус – марбург. НИАИД известува дека првите тестови за оваа вакцина ќе почнат во 2015 година или на почетокот од 2016 година.

(Фото:ЕПА)

(Фото:ЕПА)

Во развивањето вакцина на основа на беснило работат и НИАИД и Универзитетот „Томас Џеферсон“. Имено, тие работат на вакцина која користи генетски изменета верзија на вирусот на беснило со цел истовремено да штити и од беснило и од ебола. 

Истражувачкиот тим работи на деактивирана верзија на оваа вакцина за хумана и ветеринарна употреба, и на жива вакцина за употреба кај дивите животни во Африка за да се спречи трансмисија на вирусот ебола од животни на луѓе – велат од НИАИД.

„Имуноваксин инк.“, мала компанија од Канада со седиште во Нова Скошија, работи на вакцина која користи имуностимулирачки протеин од вирусот ебола плус состојки наречени адјуванси, кои го поттикнуваат имунолошкиот систем да даде одговор на вакцината. Компанијата самошто ја тестирала вакцината на мајмуни и вели дека сите четири мајмуни, со примањето на вакцината, биле заштитени од еболата.

(Фото: ЕПА)

(Фото: ЕПА)

Со други зборови, вакцината, која ќе отпочне да се тестира следната недела, речиси е сигурно дека нема да има свој учинок врз епидемијата во Западна Африка. Имајќи ја предвид брзината на науката, дури и кога вакцината за еболата поминува низ забрзани процедури, како што е случајот сега, прелиминарните резултати за безбедноста и за способноста на вакцината да предизвика соодветен одговор на имунолошкиот систем нема да бидат достапни до крајот на оваа календарска година. Дотогаш најверојатно тековната епидемија веќе ќе биде згасната.

Во тоа светло, д-р Антони Фоси, директор на НАИД, изјави дека засега најдобар пристап за тековната епидемија во Западна Африка е сегашниот пристап: рана дијагностика, навремена изолација и употреба на „опрема за лична заштита“, која вклучува наметки, ракавици и маски.

(Ј.Ѓ./Телеграф.мк/Извор: ЕнБиСи Њуз/ДејлиБист)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button