Кои навики можат да ви го скратат животот за 10 години?
Постои добра причина да избегнувате навики како пушење, лоша храна, долготрајно седење и опивање.
Имено, овие пороци можат да ви го скратат животот за дури десет години, покажа швајцарска студија објавена во списанието „Превентивна медицина“.
Истражувачите од Универзитетот во Цирих следеле речиси 17.000 луѓе во текот на 16 години и откриле дека нивното очекувано траење на животниот век значително го намалува доколку пушат, се хранат неквалитетно, не вежбаат и пијат алкохол.
На пример, жена во 75-та година од животот има шанса да проживее уште десет години доколку водела поздрав начин на живот, но шансите за тоа се намалуваат за над 60 отсто, доколку живеела порочно.
Од сите овие ризични фактори, пушењето е најштетно.
Друга 30-годишна студија објавена во весникот „PLOS Medicine“ покажала, меѓутоа, дека животот со педесет килограми вишок може да биде пократок од животот на пушач кој не е дебел.
Екстремната дебелина, која се дефинира со индекс на телесна маса над 40, може да го скрати нормалното траење на животот за дури 14 години, поради срцеви заболувања, рак, дијабетес и други хронични состојби.
Подготви: К. А.