ВОДАТА СЕ ЗАГРЕА: Згодни девојки ги наполнија скопските базени (ФОТО)
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски) Што друго да се прави во средина на жешкиот месец јули ако си на распуст или на одмор и се наоѓаш во град. Одговорот е едноставен. Се оди на разладување и на добра летна забава на базен. Високите температури се доволен поттик да се биде на некој од отворените базени во Скопје.
Сепак, има уште една причина. Згодни девојки дефилираат на базените, додека машките, инспирирани од нив, ги покажуваат сите вештини на, навидум професионално, скокање во вода.
Прошетавме до базенот во скопската населба Аеродром, како и до Аква паркот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. Нè пречека весела и загреана атмосфера.
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Отидете на базен, не мора да пливате. Доволно е да уживате во погледот кој таму се нуди. Но, атмосферата некогаш може да се загрее и повеќе од тоа што го покажуваат термометрите.
Синоптичарите најавуваат дека топлото време ќе продолжи и во следните денови, иако во попладневните часови ќе има можности за појава на умерени наоблачувања. Температурите во текот на денот ќе се движат од 35 до 40 степени, а индексот на УВ-зрачење, ќе биде околу девет.
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
(Телеграф.мк)

