Ова девојче од седмата година ги молeла докторите да ѝ ја ампутираат ногата
Целата десна нога на малечката Тиа била покриена со испакнатини. Детето ги молело докторите да ја отстранат нејзината нога, но тие не сакале да го направат тоа се` додека не пронашле и малигнен тумор зад нејзиното десно колено, пишува британски „Mirror”.
Тиа покажала дека е многу позрела од своите врсници кога на глас ги разгледувала своите опции.
„Докторот во јануари ми рече дека ампутацијата на мојата нога е можна единствено ако канцерот стане премногу болен или стане фатален. На седум години почнав да ги молам да ми ја ампутираат ногата затоа што не можев да го поднесам нејзиниот изглед“, рекло девојчето и ја премолчило другата страна на нејзиното барање.

Нејзината мајка Линдзи открила какви маки морала да трпи малечката Тиа.
„Децата ја малтретираа затоа што изгледа поразлично. Почна да верува дека нејзината нога е одвратна и сакаше да ја отстрани. Мислам дека тие деца поради нивната возраст не сфаќаа колкава болка ѝ нанесуваа на Тиа со нивното исмејување. Ја нарекуваа ’дебелоногата’“, раскажува нејзината мајка.
Жената инсистирала Тиа да ја воспитува како и сите други деца, но малечката веќе сега донела важна одлука.
„Тиа знае дека нејзината состојба е генетски вродена и не сака да има биолошки деца. Веќе на 13 години одлучи дека ќе посвои дете. Кога ја отстранија нејзината нога јас голтав солзи, а таа храбро побара хамбургер. Таа е неверојатно дете, а она што остана од нејзината нога го нарече Перси и се труди на се` да гледа позитивно“, раскажува мајката.

Тиа немала проблеми само со ногата. Кога имала 15 месеци останала слепа на едното око, а кога имала девет добила тумор на левото око. Докторите не можат да објаснат како се` уште гледа.
Девојчето оди на редовни тестирања затоа што постои можност да ослепи, но сепак, одбива да се предаде и нејзината волја за живот и покрај сите здравствени проблеми кои ги има е навистина инспиративна.
„Горда сум на неа, дури и во најтешките моменти таа се шегуваше со докторите“, раскажува мајката на ова навистина храбро девојче.

