Осум наивни навики од кои брзо се старее
Пушењето и претераното изложување на сонце го забрзуваат стареењето, но тоа сите го знаат. Меѓутоа многу поопасни се навбиките за кои ни сами не сме свесни а за кои сме убедени дека не ни штетат, а всушност оставаат последици врз нашата кожа.
Ако сакате малку да го успорите часовникот, тогаш задолжително обрнете внимание на овие навидум наивни навики.
Спиете како на факултет
Не е неовообичаено жените кои работат и ја одржуваат куќата да имаат толку многу обврски по работа, што во кревет одат дури после полноќ. Меѓутоа ова е една од оние навики кои оставаат многу лоши последици на вашето здравје. Недоволното спиење лекарите го поврзуваат со високиот крвен притисок, дијабетесот, дебелината и забрзаното стареење. Не мора секогаш да спиете по осум часа, но нека добриот сон ви биде приоритет што е можно почесто.
Многу сакате слатки
Исхраната која подразбира многу прости шеќери може да го забрза стареењето, а да не сте свесни за тоа. Кога размислувате за слатките, веројатно главна грижа ви е килажата, но вистината е дека овие „слатки убијци“ доведуваат до предвремено стареење. Се разбира не е лесно во целост да се елиминираат слатките , понекогаш почестетe се но не секојдневно.
Премногу стрес
Стресот е ншето со кое секојдневно се среќаваме и толку се навикнуваме на него што по енкое време тој ни претстаvува вообичаена состојба. Не само што ќе направи да изгледате постаро, туку и така ќе се чувствувате. Од него се стеснуваат и крвните садови, се чувствуваме нерасположено па дури може да ја оштети и меморијата. Стресот не може да се избегне но има лек за него. Правете што почесто прошетки и вежби со дишење кои смируваат и лекуваат од стресот.
Вежбате само за да ослабнете
Редовната физичка активност е еден од најдобрите начини да го „запрете времето“ но за жал голем број луѓе вежбаат само кога сакаат да ослабнат. Трчањето, возењето велосипед па дури и прошетките му помогаат на вашиот организам. Не смао што ќе изгледате помладо, туку и така ќе се чувствувате бидејќи ќе имате вишок енергија. Бидете активни секој ден барем по половина час.
Не се гледате со пријателите
Ова е многу едноставно – пријателите ве одржуваат млади. Кога ќе дојдат во одредени години жените целиот свој ден го посветуваат на работата, децата, мажот и куќата, а пријателите со кои редовно сте се гледале кога сте имале 20 години – за нив едноставно немате време. Тоа е сосема нормална промена, но научните истражувања покажуваат дека ова може негативно да влијае на вашето стареење. Интересно е што редовното гледање со пријателите и семејството може да ја спречи дебелината, депресијата и да го успори стареењето.
Ретко јадете зеленчук и овошје
Веројатно сте чуле дека овошјето и зеленчукот имаат многу оксиданси и дека може да ви помогнат да останете млади и здрави. Овие моќи продукти се борат против слободните радикали кои инаку би предизвикале вистинки хаос во вашиот организам. Свежите плодови секогаш треба да бидат дел од вашите секојдневни оброци.
Не се сеќавате кога последен пат сте имале секс
Не само што чувството е фантастично , туку од редовниот секс ќе бидете подобро расположени, ќе потрошите некоја калорија и генерално сексот е поволен за вашето здравје. Луѓето со активен сексуален живот имаат посилен имунолошки систем помалку чувствуваат болка имаат здраво срце и полесно го поднесуваат сексот. Сексот дури ве подмладува и прави да се чувствувате млади.
Не внесувате масти
Тоа што од храната сте ги сифрлиле нездравите заситени масти е одлична работа. Но тоа не значи дека сите масти се лоши. Незаситените масти кои се наоѓаат во рибата маслиновото масло и јаткастите плодови се здрави за целиот организам. Ако сакате да изгледате помладо во својата исхрана внесете продукти со добри маснотии.
Подготви:Б.В.