Руски рецепт кој се пренесува со генерации, а е лек за многу болести

Имено, станува збор за постар руски рецепт кој е навистина лесно да се подготви, а со оглед на тоа што веќе со генерации се пренесува помеѓу народот, сосема лесно може да се заклучи дека станува збор за делотворен лек.
Во продолжение дознајте како истиот да го подготвите и што се ви е потребно.
Потребни состојки:
● 400 милилитри студено цедено масло, по можност маслиново. Може да се користи и кокосово масло, доколку сакате поубав и посилен мирис
● Едно јајце, по можност домашно, органско
● 60 грама пчеличен восок

Подготовка:
Сварете го јајцето, а потоа жолчката убаво испасирајте ја. Во тава, на тивок оган, ставете го маслото и восокот. Откако восокот ќе се стопи, полека, малку по малку, додадете ја жолчката во тавата.
Доколку забележите дека маслото започнува да создава пена, тргнете ја тавата од оганот, па потоа повторно вратете ја, се додека во истата не ја ставите целата количина испасирана жолчка.
Потоа, така подготвената смеса процедете ја и ставете ја во тегла. Се препорачува смесата да е меша неколку пати, се додека истата не се стврдне целосно, се со цел да се спречи восокот да падне на дното.
Употреба:
Станува збор за исклучиво ефикасна маст. Доколку овој мелем се користи за облоги, истиот е потребно да се загрее на пареа, на околу 40 степени степени Целзиусови.
Воспаление на синуси
Стопете ја маста и ставете ја во пипета. Важно е целата постапка да ја изведете брзо, се со цел мелемот да не се стврдне. Користете го лекот два пати дневно, капнувајќи од стопениот мелем директно во ноздрите. Докторите потврдуваат дека лекот “ги пробива” синусите и ги повлекува наталожените материи кои го отежнуваат дишењето.

Гноен отитис
Парче газа, натопена во оваа маст, ставете ја во увото. Повремено менувајте ја газата, а помала количина од мелемот можете да нанесете директно во увото. Лекот ќе го извлече сиот гној, а докажано е дека истиот ги лечи сите отитиси, не само гнојниот.
Гнојна ангина, чир во грлото и воспаление на крајниците
Ставете маст директно на чирот и поставете облоги на вратот. Доколку во текот на вечерта ја повторите постапката 2 до три пати, веќе следното утро апцесот ќе пукне.
Бронхитис и болка во желудникот
Се со цел да се изборите со горенаведените болести, се препорачува три пати во текот на денот, пред оброкот, да се зема по половина лажица од лекот.
Болести кај жената
Овој лек се користи и кога станува збор за цисти кај јајниците, маститис и различни други воспаленија. Во вагината се ставаат тампони со оваа маст, наутро и навечер. Според тврдењата на оние кои што го користеле лекот, по само десетина дена, од цистите би требало да останат само “лошите спомени”.
Кога станува збор за маститис на градите, лекот се користи така што директно на градите се става хартиена салфетка натопена во маста, а врз истата се става најлонска кеса. Се препорачува ваквата облога да се менува на секои 2 часа.
Изгореници, рани, забоболка, болка во зглобовите
Кога станува збор за рани, отоци, болка во зглобовите или изгореници, користењето на овој лек е едноставно. Мелемот се нанесува на оболеното место преку ноќ и истото се замотува. Доколку раните не се преголеми, на истите може да се постави само помалку парче газа, натопена во маст.
Доколку се соочувате со болка во забот, едноставно, земето малку од овој лек и со чист прст истиот втријте го во болниот заб и непцето околу него.

Трофички чир и гангрена
Во овој случај, користењето на лекот е сличен како и кај маститисот на градите. На оболеното место се поставуваат хартиени салфетки натопени во мелемот и истите се менуваат на секои два часа. Набрзо од раната би требало да започне обилно лачење на гној.
При лекување на хемороиди
Од газа се прави тампон кој, натопен во лекот, се става во пределот на анусот, во периодот од 8 до 10 дена, или се додека не дојде до подобрување на ситуацијата со хемороидите.
Зајакнување на ноктите
Покрај големиот број на болести кои ги лечи, оваа маст е добра и за зајакнување на ноктите. Така, пред легнување ставете малку од лекот на вашите нокти и за сосема кратко време ќе забележите дека истите стануваат поцврсти.

Напомена:
Без разлика на тоа каков вид на рани лечите со овој лек, се препорачува истите да ги премачкувате со мелемот во текот ноќта, а доколку станува збор за болки во зглобовите, колената, не заборавајте местото да го замотате во завој.
Исто така, важно е восокот да биде природен. За надворешна употреба може да се користи било кое растително масло, додека за внатрешна употреба се препорачува маслиновото масло.
