Зошто домашните миленици штитат од алергии и од астма?
Интересно е тоа што научниците увиделе дека прашината не заштитува, туку она што живее во неа – микробите кои, всушност, ги преобликуваат колониите на живи организми што живеат во стомакот на глувците. Овие промени влијаат врз имунолошкиот одговор на глувците и на нивната способност да се одбранат од одредени алергии. Поконкретно, истражувачите нашле дека една бактерија позната како lactobacillus johnsonii била многу присутна во стомакот на глувците кои живеат во средини каде што има и прашина од кучиња.
(Фото: Lovemeow.com)
Кога истражувачите на глувците од контролната група, кои не биле изложени на прашина од дом во кој живеат кучиња, им дале жива форма на оваа бактерија и откриле дека и овие глувци добиле слична заштита од алергените, како и кај онаа група глувци кои биле изложени на прашина од домови во кои живеат и кучиња.
Она што е охрабрувачко во врска со овие наоди, а кои се публикувани во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, е фактот што прашината што е поврзана со кучиња, се чини дека предизвикува одговор против микорбите кои се поврзуваат со појава на астма кај децата.
Па, така овие резултати можат да инспирираат идни истражувања кои ќе испитаат како со манипулирање на бактериите од стомакот, со пробиотици или други микроскопски стратегии можат да се третираат или децата да се заштитат од алергии и од астма.
(Телеграф.мк/Извор: Тајм)
