Занимливости

Што е потребно за децата да бидат среќни

Секој сака да израсне и да воспита здрави и среќни деца, но сите родители ќе се согласат дека тоа е полесно да се каже одошто да се направи.

Издвоивме неколку совети, поткрепени со многубројни истражувања, а кои се клучни за детето да израсне во хармонична, психофизички здрава личност.  Задоволството на мајката со нејзиниот живот, дарежливоста, јасно поставените правила, рутината се само дел од работите кои развојните психолози ги истакнуваат како значајни за детскиот развој.

Нега од родителите

Децата што растат во атмосфера на нега и љубов имаат поразвиени мозоци. Имено, една студија посочува дека децата на претшколска возраст на кои им се даваат нега и љубов до времето додека да тргнат на училиште имаат за 10 проценти поголем хипокапус – област во мозокот која се смета клучна за помнењето и за справувањето со стресот.

 (Фото: Loft3 Photography)

(Фото: Loft3 Photography)

Притоа многу се важни и негата и љубовта од таткото. Децата кои со своите татковци имаат близок однос, кои таткото ги слуша кога му зборуваат, на кои таткото им поставува правила, но и знае кога треба да им даде слобода, израснуваат во похармонични и посреќни.

Децата, пак, кои се чувстуваат несакани или отфрлени од своите родители поверојатно е дека ќе бидат непријателски расположени, агресивни и емотивно нестабилни.

Задоволството на мајката од нејзниот живот 

Ќе се зачудите колку, за здрав развој на децата, е значајно мајката да се чувстува среќна со себе. Имено, задоволството на мајката се покажува како побитно од тоа дали е образована, колкав е нејзиниот приход или, пак, дали има работа. Задоволството на мајката од нејзиниот живот е побитно дури и од тоа колку време децата поминуваат во градинка.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

Оптимизам 

Децата ги учат односот кон светот и начините на реагирање од своите родители, главно по пат на имитација. Па така, оние деца што се растени во атмосфера на оптимизам и кои до својата 10-12 година се „учени“ од своите родители да ја гледаат чашата како половина полна, имаат многу помала веројатност да бидат депресивни понатаму во животот.

Пофалби за вложениот труд

Децата на кои преку пофалба им се истакнуваат интелигенцијата и способностите наместо самиот труд што го вложиле, општо земено, понатаму во животот имаат поголеми проблеми со справувањето со неуспехот. Дополнително, оние деца што добивале пофалби за вложениот труд и напор понатаму во животот покажуваат поголема мотивираност и подготвеност да се справуваат со предизвици.

(Фото:momcaboodle.com)

(Фото:momcaboodle.com)

Индивидуален пристап кон воспитувањето на детото

Ниедна индивидуа не е идентична со друга. Па така, за да се израснат среќни, здрави и исполнети деца, стилот на воспитување треба да се приспособи кон секое дете посебно. Во спротивно, веројатноста детето да израсне во анксиозна или депресивна личност е поголема. За пример, доколку детето е добро во справувањето со своите емоции, родителите треба да му дадат поголема автономија во растењето и помалку структура, за разлика од децата што слабо се справуваат со своите емоции, на кои треба да им се даде повеќе структура и помалку автономија.

Љубезноста и дарежливоста се битни

Децата кои на претшколска возраст биле учени на љубезност, внимателност и дарежливост, понатаму како тинејџери се посреќни и поприфатени од страна на своите врсници. А постојат и истражувања кои посочуваат на тоа дека дури и многу малите деца се посреќни кога даваат некому нешто одошто кога примаат.

(Фото:healthyoffspring.com)

(Фото:healthyoffspring.com)

Физичка активност, да! Телевизија само умерено

Децата кои имаат некаква физичка активност, од типот на индивидуален или тимски спорт, уживаат поголема добросостојба. Кај децата кои поминуваат долги часови пред телевизор, што во физичка смисла е пасивна активност, постои поголема веројатност за депресија. Ова го потврдува и една 7-годишна студија која опфатила 4000 деца, во која дури е утврдено дека веројатноста се зголемува за 8% со секој дополнителен час поминат пред телевизор.

(Телеграф.мк/Извор: Хепифај)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button