Занимливости

“ФИЛАНД”: Решение за подобар сон

Непреспиени и бессони ноќи, превртувања налево-надесно, капаците на очите толку тешки што едвај можат да се поткренат наутро од чувство на исцрпеност – на сите ни е познато тоа чувство. Но, дали знаете дека спиењето на вистинскиот душек може да ги намали овие проблеми и да нè потсети како е кога сме одморени?

Фото:creativebioscience.com

(Фото: Creativebioscience.com)

Добриот сон е мевлем за здравје

Во време на динамичен живот, полн со напнатости и секојдневен стрес, квалитетниот одмор е суштински, особено што просечниот човек поминува речиси третина од својот живот спиејќи, а познато е дека лишувањето од спиење, испрекинатиот сон, водат кон сериозни здравствени проблеми. Вкочанетост, хронични болки во ‘рбетот, намалена концентрација, тешкотии со помнењето, пречувствителност, раздразливост, забавен метаболизам, ослабен имунитет – се само некои од последиците. Токму затоа потребни ни се подобри решенија за одмор и опуштање.

Фото:Филанд

(Фото: Филанд)

Прашавме неколку случајни минувачи што би истакнале како значаен надворешен фактор за нивниот сон. Покрај отсуството на врева, најчестиот одговор што го добивме беше токму душекот на кој спијат.

– Секое утро се будев вкочанета со болки во грбот, најчесто концентрирани во долниот предел на ‘рбетот и кај плешките и рамениците. Се обидов со утринска гимнастика, но вистинската промена дојде дури откога се решив да набавам нов душек. Првите денови се чувствував полошо, но веќе четвртиот ден сфатив дека имам заборавено како е да се разбудам толку свежа. Веднаш набавив и нова анатомска перница со алое вера, ни раскажа Виолета (42).

Каде по подобар сон?

Разгледувајќи што се нуди на нашиот пазар, кога станува збор за душеци, наддушеци и перници налетавме на една многу интересна и успешна деловна приказна што ги има одговорите на нашето прашање: „Каде по подобар сон?“

Фото:Филанд

(Фото: Филанд)

Компанијата „Филанд“ од Куманово во сопственост на Филип Додевски е основана пред 21 година како друштво за трговија на големо и мало со канцелариски материјали, учебници и училишен прибор. Од 1995 година компанијата целосно се трансформира и се насочува кон производство на хефт-спојувалки за канцелариска употреба и за дрвната индустрија, за производство на мебел (тапетиран и плочест) и за производство на амбалажа, за подоцна, во 2007 година да почне сопствено производство и на мека полиуретанска пена – сунѓер, произведена со најсовремена германска технологија од „Бајер“ и најквалитетна германска опрема од „Хенеке“.

(Фото: Телеграф.мк)

(Фото: Телеграф.мк)

Филип Додевски, сопственикот на „Филанд“, и самиот во потрага по подобар сон, а веќе запознаен со поволностите што новите научни сознанија и производствени технологии, доаѓа во контакт со линијата „SDream“ и откако самиот ја испробува, задоволен од наддушекот, што и ден-денес го користи, одлучува да ја прошири дејноста на „Филанд“ и на македонскиот пазар да ги донесе производите „SDream“.

(Фото: Телеграф.мк)

(Фото: Телеграф.мк)

Во салоните на „Филанд“ во Куманово и во Битола можат да се набават неколку видови душеци, наддушеци и перници што ветуваат добар и здрав сон. Ги разгледавме производите и забележавме дека се произведени со напредни, современи материјали со извонредни својства.

Душеци „SDream“

Доколку сте изложени на зголемени напори или зголемен стрес во текот на денот, тогаш во „Филандќе ви го препорачаат душекот од типот „Maxi“, а доколку ви е потребна забрзана релаксација на телото и сакате да ви се врати енергијата, тогаш за вас идеален е душекот „Aurora“, со приспособливо жичено јадро со поединечни џебови.

(Фото: Телеграф.мк)

(Фото: Телеграф.мк)

Покрај овие два душека, тука се и „Spa“, „Best memory“, „Baby Dream“, што нудат мирен и здрав сон, а се лесни за одржување. А вреди да се спомене и линијата „Memory latex“, што содржи еко латекс, материјал со подобрени својства во однос на природниот латекс. По подолго користење собира дури трипати помалку прашина од останатите материјали што се вградуваат во душеците, а ви овозможува максимална удобност и уживање во соништата.

Наддушеци „SDream“

Доколку веќе имате душек, а сепак сакате да го подобрите вашето спиење, можете да набавите наддушек. Доколку имате претврд душек, тогаш идеално решение за вас е наддушекот „Soft“, што ќе го подобри одморот и сонот што го имате на вашиот душек. Но, доколку сакате да извлечете максимум, тогаш ваш избор се наддушеците „Memo 4“ и „Memo 7“, што имаат 3,5 сантиметри, односно 6,5 сантиметри мемори пена што на вашиот стар душек ќе му дадат нов квалитет и максимална удобност.

Фото:Филанд

Душеците се со хипоалерго-навлака од растегливо платно што лесано се вади и лесно се пере (Фото: Филанд)

Перници „SDream“

Покрај удобен душек, неопходна е и добра перница. Спиењето на обликувани перници овозможува лесно станување и ја чува виталноста во текот на целиот живот. Перниците што можете да ги најдете во салоните на „Филанд“ се ергономиски, со хипоалергенска навлака со екстракт од алое вера и мелена мемори пена идеална за здрав сон и беспрекорен одмор.

(Фото: Телеграф.мк)

(Фото: Телеграф.мк)

Зошто да ги изберете производите „SDream“?

Секој има специфични потреби за удобен душек. Некој сака доживување како да лебди додека спие на мек душек, некому му треба потпора да се опушти и полесно да стане. Во асортиманот производи што го нуди „Филанд“ вграден е врвен квалитет за секоја потреба, достапен по пристапна добра цена за македонскиот купувач, а сите производи се направени од современи и сертифицирани материјали со потврди за квалитет.

(Фото: Телеграф.мк)

(Фото: Телеграф.мк)

Во продажните салони во Куманово и Битола, а напролет и во Скопје, ќе можете да се консултирате со персоналот, да им ги посочите вашите потреби, желби и навики врзани за спиењето, а тие ќе ви препорачаат душек, наддушек или перница по ваша мера. Доставата е бесплатна, а во пресрет на новогодишните празници производите „SDream“ што ги нуди „Филанд“ можат да бидат одличен подарок за вас или за вашите најблиски по новогодишни, уште поповолни цени.

За што „размислувате“ додека спиете? За неудобен душек… премногу обврски во текот на денот… или дека секој ден се будите сè поизморени? Не очајувајте, „Филанд“ го има клучот за квалитетен одмор и здрав сон.

(Ј.Ѓ./Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button