Намирници од кои сигурно ќе имате „мускули“ на стомакот
(Фото: Телеграф.рс) Килограмите лесно се лепат на стомакот, но доколку конзумирате некои од овие намирници ќе ги имате оние нептијатни „мускули“ на половината. Обидете се да ги избегнете.
Газирани пијалаци
Еден до два газирани пијалаци предизвикуваат до пет пати побрзо собирање на масните наслаги на струкот. Количината на шеќерот во овие пијалаци предизвкува зголемена потреба за храна и со тоа се создава маѓепсен круг. Диеталните безалкохолни пијалаци го успруваат метаболизмот и изобилуваат со шекер, па вишокот на калории од храната го претвараат во маснотии.
Продукти кои содржат рафиниран шеќер
Слатки, кекс, преливи за салати, сувомеснати производи. Сите овие производи имаат мала хранлива вредност и се преполни со празни калории кои ја зголемуваат глукозата во крвта. Затоа избегнувајте ги.
Сирење фета (Фото: Images.yourdictionary.com )
Сирење
Речиси сите сакаме да пробаме вкусно сиренце но тоа е извор на високо заситени маснотии. Дури и мали колични може да бидат штетни бидејќи содржат големо ниво на масти.
Алкохол
Секојдневното конзумирање и тоа како ќе се одрази на вашиот стомак. Сите пијалаци го успоруваат согорувањето на маснотиите и шеќерот во организмот.
(Телеграф.мк/Zadovoljna.hr)



