Што кажува за нас должината на сонот?

Оние кои порано си легнуваат, се подруштвени, превземаат контрола и се оптимистични. Тие се помалку склони кон пороци како што се алкохолот, никотинот и храната.
Ноќните птици имаат помалку бела маса во мозокот, велат научниците. Резултат на тоа е тоа што имаат помалку хормони кои се задолжени за добро расположение – сератонин и допамин.

Но, не е се` така црно за ноќните птици – тие се покреативни, имаат поголеми сознајни способности и се подготвени да ризикуваат.
Студија која била спроведена во 2010 година, покажала дека најголема стапка на смртност имаат жени кои во просек спијат помалку од пет и повеќе од шест и пол часа дневно.
Болести на срцето, дијабетес, артритис, зголемен притисок и предвремено стареење им се закануваат на оние кои спијат помалку од шест часа.

Бил спроведен еден експеримент со студенти од Универзитетот Стенфорд. Тие во текот на седум седмици спиеле 10 и повеќе часа. После тоа, било докажано дека го подобриле времето во спринт, биле поиздржливи и помалку се заморувале.
Во САД во 2009 година, биле забележани повеќе фатални сообраќајни несреќи како последица од неспиење, отколку од аллкохол.
