Вардар ќе отвора регионални единици за ракомет и фудбал за млади
Фудбалскиот клуб Вардар и машкиот и женски ракометен клуб Вардар денеска го презентираа проектот за отворање на регионални единици за млади категории во двата спорта.

По тој повод, во зеднички проект, Ф.К. Вардар, и ракометните клубови на Вардар ќе се отвори оглас за мобилизација на спортски кадри, стручњаци со искуство во работата со млади во двата спортови кои би придонеле за зголемување на квантитетот и на квалитетот на младите фудбалери, ракометари и ракометарки.
Огласот ќе биде отворен на 15 август, а на интернет-страниците на трите клубови детално ќе бидат наведени условите кои треба да ги исполнуваат сите кандидати.
„Проектот има за цел да го развие младинскиот спорт во фудбалот и ракометот. Ги повикуваме сите спортски работници од областа на фудбалот и ракометот да аплицираат на огласот кој ќе го објавиме во понеделник и кој ќе трае до 15-ти август, доколку ги исполнуваат сите критериуми пропишани во огласот да се отповикаат и заеднички да започнеме нешто што за прв пат се организира во нашата држава,“ изјави извршниот директор на Ф.К. Вардар, Самоил Симев.
„Истите услови кои ќе важат за фудбалскиот дел ќе важат и за ракометниот дел. Нашата визија преку овој проект е клубот Вардар да биде подостапен за сите таленти во спортот, клуб кој ќе применува современи методи за развој на младите спортисти и клуб кој ќе се грижи за својата иднина,“ изјави координаторот на младинските категории во Р.К. Вардар, Тања Медвед
Оваа година имаме малку поголеми вложувања, затоа што донесовме звучни засилувања, Вардар доволно покажува и допрва ќе покаже колку вложува во македонскиот спорт. Инвестицијата од 15 милиони евра во СЦ Јане Сандански е подарок од Вардар за сите спортски федерации, сите спортисти и репрезентации што ќе го користат“, изјави Давор Стојаноски извршниот директор на Р.К Вардар.
