Што сака да ви каже вашата вагина
Илустрација (Фото: Foter.com) „Може ли по секс да одиш да мочкаш?“
Сигурно се слушнале дека мочкањето пред и по сексот е добро за превенција на инфекции на уринарниот тракт, но тоа не е целосно точно. Мочкањето по сексот, дури и кога не чувствувате потреба за тоа, ќе ви помогне да се отстранат бактериите што предизвикуваат инфекции. Но, мочкањето пред односот ќе го ослабне вашиот уринарен млаз по односот, па затоа доколку не морате, избегнете го.
Следниот пат кога ќе направите сексуални ескапади со својот партнер, избегнувајте да одите во веце пред сексот, освен ако ви е полн мочниот меур, па морате да појдете. Ако и по сексуалниот однос не ви се оди по мала нужда, истуширајте се.
(Фото: Huffingtonpost.ca)
„Жено, нешто не е во ред!“
Ден или два по сексуалниот однос чувствувате силно чешкање во интимните делови и речиси сте сигурни дека причинителот е габична инфекција, но причината може да биде и нешто сосем друго – на пример, спермата од вашиот партнер. Не значи дека треба да се алергични, туку едноставно, може да ги исфрли од рамнотежа бактериите што инаку се присутни во вашата вагина. Спермата не е единствениот причинител што може да доведе до чешкање. Различни сапуни можат да имаат сличен ефект. Што се однесува до инфекциите, покрај чешкањето, што е добар показател дека има проблем, можете да бидете сигурни дека имате габична инфекција доколку почне да се појавува зрнест исцедок, а чешкањето да се појавува главно околу вагиналниот отвор.
(Фото: Womanitymag.com)
„Овие панталони се претесни!“
Дали сте забележале дека на вашето меѓуножје во последно време му е напорно? Не се појавува чувството на лесни трпки кога почнува акцијата, туку имате чувство дека трнењето на стапалата се преселило во посеверните подрачја… Причината за тоа можат да бидат претесни панталони. Доколку се претесни панталоните, тогаш тие ќе ги притискаат нервите на вашата карлица, поради што нивото на крвотокот ќе биде ниско и нема да стасува доволно кислород до вашата вагина. Дури постои и име за овој проблем – мералгија парестетика. Ако инсистирате на носење тесни панталони, тогаш знајте дека може да се усложни состојбата и да завршите со хронични болки во вагиналните делови и со оштетување на нервите во тоа подрачје. Доколку опстојуваат ваквите проблеми, побарајте совет од лекар, бидејќи причинителот може да биде нешто посериозно, но секако избегнувајте претесни панталони.
(Телеграф.мк/Извор: Космополитен.хр)