Занимливости

Што да јадете откако ќе се прејадете

Оброкот не мора да биде количински обилен, но ако е калоричен лесно може да „заседне“ во желудникот. Освен тоа, за време на празниците може да претераме со колачите или грицките и за миг да го откопчаме каишот на панталоните бидејќи едвај дишеме. Ако инаку јадете нормални количини храна, па одеднаш почнете неконтролирано да редите неколку обилни празнични поброци организмот не може одеднаш да се навикне на огромни количини храна и слатко и да го свари сето тоа.


Остатоците од печењето и руската салата која не се фрла туку се јаде за појадок или за вечера организмот може да го доведе до своевидна состојба на шок. Но, не паничете премногу, бидејќи можете да си помогнете со овие видови храна…


Вино. Антиоксидантите од виното можат да го намалат негативното влијание на слободните радикали на кардиоваскуларниот систем, па и откако во телото сте внесле големи количини калорична и мрсна храна. Една чаша по оброкот сосема е во ред, но запаметете дека во умереноста е клучот.


Еспресо. Ако сте претерале со алкохол, завршете го оброкот со едно кратко еспресо кое ќе ви помогне да го забрзате разградувањето на храната.


Оцет. Лажица оцет со некое јадење може да го ублажи наглото растење на шеќер поради храната богата со јаглехидрати. Наглото зголемување на концентрацијата на шеќер во крвта предизвикува нагло опаѓање што повторно влијае на отворање на апетитот.


Овошје. Оброкот можете да го завршите и со овошје или со овошна салата. Антиоксидантите од зрнестото овошје, грозјето или кивито ќе го намали нивото на слободните радикали кои се ослободуваат по јадењето. Многу стручњаци не го препорачуваат овошјето по јадење.


Сок од портокал. Флавоноидите и антиоксидантите со кои е богат сокот од портокал го ублажуваат штетното дејство на мрсната и калорична храна на срцето.


Зачини. Освен што го збогатуваат секој оброк поедини зачини помагаат и за подобро варење, но можат да ги ублажат и негативните ефекти на прејадувањето. Испитаниците кои јаделе храна збогатена со две мали лажички мешавина од рузмарин, цимет, куркума, црн пипер, каранфилче, лук и пиперка имале помала концентрација на триглицериди и инсулин во крвта, за разлика кога консумирале иста мрсна и калорична храна, но незачинета храна. Се смета дека зачините ја забавуваат апсорпцијата на мастите, антиоксидантите „ги убиваат“ слободните радикали кои организмот ги произведува во голема мерка кога се прејадуваме.

 

Подготви: K. A.


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button