Занимливости
Со една банана на ден до подобро здравје
Вторник, 21 Октомври 2014 07:52
Храната која богата со калиум може да ги намали ризиците од кардиоваскуларни болести, посебно конзумирањето свежо овошје и зеленчук кое може да спречи дури и мозочен удар.

Студијата на научници од универзитетот во Наполи покажала дека конзумирањето храна која содржи калиум може да го намали ризикот од мозочен удар за 19 проценти, а ризикот од кардиоваскуларни болести за 8 проценти.
Калиумот е неопходен минерал кој во најголема мера се среќава во бананите, компирот, авокадото, гравот и сувите сливи. Калиумот го намалува крвниот притисок и ги спречува кардиоваскуларните болести.
Според докторите, една банана на ден е доволна за здрав живот.