Занимливости

„Натусана Македонија“ со кампања наменета за Дневен центар за деца со аутизам

Со кампањата „За хуманоста да стане навика“, „Натусана Македонија“ ќе го обележи својот 10-годишен јубилеј. Тримесечната кампања се состои од собирање средства наменети за уредување на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје. 

 

– „Натусана Македонија“ преку својата работа веќе десет години континуирано се грижи и едуцира за создавање здрави навики кај нашите потрошувачи. Како надградба на нашата десетгодишна мисија, ја создадовме и кампањата „За хуманоста да стане навика“, која има за цел да обедини и да поттикне на хуманост за да помогнеме сите заедно да го направиме Дневниот центар за деца со аутизам подобро и попријатно место – изјави Александар Донев, генерален менаџер на „Натусана“.

 

„Натусана“ за опремување на дневниот центар ќе издвои свои средства, а исто така ќе се издвојува и процент од продажбата на брендовите, „Мултивитамол“ витамините и детската линија за орална хигиена „Лакалут“. Производите од чија продажба се издвојуваат средства за донирање во Центарот се достапни во сите аптеки.

 

– Иницијативата за подигнување на свеста за потребите на нашиот центар е добредојдена во секој можен аспект. Секој нов ден во Дневниот центар е нов предизвик затоа што децата со нарушен аутистичен спектар имаат посебна дарба да го доживеат светот, тоа ги прави толку нежни, а од друга страна и посебни. Еднакво желни за комуникација, бараат поинакво внимание и пристап. Затоа толку ни е неопходна специјална опрема и реквизити како би можеле на овие деца да им обезбедиме што понормално живеење – додаде Елена Степаноска, координатор во Дневниот центар за аутизам во Скопје.

 

Хуманитарната акција ќе се финализира на 20 ноември по повод Интернационалниот ден на детето што е симболично поврзано и со производите од чија продажба ќе се издвојуваат средства и со корисникот на донацијата.Во Дневниот центар за аутизам престојуваат десет деца во текот на целиот денот, пет деца се под опсервација, а за нив се грижат логопед, психолог, дефектолог и негувател.

 

 Подготви: К. А.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button