Занимливости

Пилула што ќе го стопира стареењето

Она што сме го гледале како совршено сценарио на научнофантастичните филмови сега може да стане реалност.

Руските научници ја тестираат последната фаза на пилулата која може да го стопира стареењето и да им овозможи на луѓето да живеат барем до 120 години.

Таа е веќе тестирана на глувци, риби и кучиња.

Научниците од Московскиот универзитет тврдат дека пилулата ќе влијае на митохондријата, дел од клетките кои се сметаат клучни за стареењето.

Митохондријата е клучен фактор за срцев удар, а е поврзана и со Алцхајмерова и Паркинсонова болест – вели д-р Максим Скулачев.

Тој објаснува дека пилулата би спречила и други болести, кои се поврзуваат со возраста и стареењето.

(Телеграф.мк/Независне)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button