Занимливости

ОТКРИТИЕ: Сингапурски научници пронајдоа лек за рак?

Тим од научници од повеќе врвни универзитетски медицински и фармацевтски центри од Сингапур денеска соопштија дека во фаза на клиничко тестирање се наоѓа нов лек против рак.


Новата формула, според научниците, треба да е особено ефикасна во запирање на таканареченото „здивување“ на клетките во човековиот организам, кои со брз раст предизвикуваат канцерогени заболувања и нивно ширење.

Новиот лек, со лабораториско име ЕТЦ-159, е тестиран во неколку случаи и резултатите од експериментите се ветувачки.

Новата антиканцерогена формула треба да биде особено ефикасна во лекувањето и спречувањето на ширење на ракот на панкреасот, дебелото црево и абдоменот.

Првиот пациент го добил лекот на 18 јуни, а ако тестовите бидат позитивни, сингапурскиот лек клинички ќе се тестира и во неколку болници во САД.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button