СПИЕЊЕ: Што вели за вас вашата омилена положба?
(Фото: Loveyourgut.com) Омилената положба на спиење открива многу за тоа каква личност сте.
Роберт Фипс, експерт за говорот на телото од Англија, спроведе истражување и ја пронајде врската меѓу положбата на спиење и психолошките карактеристики на личноста, а Крис Идзиковски, друг британски научник и директор на Слип Асесмент енд Адвајсори Сервис, спроведе слично истражување и дојде до речиси исти резултати.
Луѓето кои спијат на страна и во положба на фетус се често загрижени. Однадвор изгледаат силни, но во срцето се многу чувствителни. Спиењето на страна може да ги притисне нервите во рацете и нозете и тоа може да предизвика хронична болка.

Спиењето на грб со рацете до телото значи дека личноста е нефлексибилна, ригидна, тврдоглава и сака да владее. Но, ако рацете се над главата, тогаш е спремна да слуша, да им помогне на другите и е добар пријател.
Иако спиењето на грб е добро за болките во тој дел од телото, тоа може да предизвика и ‘рчење и апнеа, две состојби кои може да бидат прилично непријатни за партнерот. Апнеата, привремено престанување на дишење во сон, може да биде лоша и за срцето.

Луѓето кои спијат на стомак со раширени раце, што некои го нарекуваат положба на слободен пад, често имаат чувство дека немаат контрола над она што им се случува во животот.
Ваквата положба значи дека главата е свртена лево или десно, на јастукот, а тоа предизвикува напнатост во вратот со грчење на мускулите и хронична болка.
(Телеграф.мк/Јутарњи.хр)



