Занимливости

Сеќавањата се непостојани

Трауматичните ситуации можат да формираат спомени кои потоа ни го обликуваат животот. Научниците од Универзитетот од Вашингтон спровеле студија со која демонстрираат дека сеќавањата се непостојани.

Имено, тие побарале од возрасни луѓе-волонтери во истражувањето да одговорат на анкета за нивните прехранбени навики, односно навики за консумирање алкохол, но за периодот од пред 16 години.

По недела дена им ги дале анализите на одговорите, во кои намерно вметнале „лага“ дека испитаниците сами впишале дека како тинејџери се разболеле веднаш откако пиеле рум или вотка. На секои пет испитаници се појавувал еден кој не ја регистрирал вметнатата лага, туку дури и се „присетил“ на инцидентот, иако тоа никогаш не се случило.

Студии покрај оваа можат да помогнат во откривањето на новите можности за лечење на проблемите со менталното здравје, особено во ситуации каде што има ПТСД (посттрауматски стрес), наведува „Популар сајенс“.

(Телеграф.мк/Извор:Кликс.ба )

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button