Празнични маки со прејадувањето
1. Не се возбудувајте секој пат кога ќе видите нешто вкусно! Изберете го јадењето што најмногу го сакате и не ја пренатрупувајте чинијата со сè што ќе видите. Дајте си време да јадете и полека уживајте во секој залак!
2.Ако веќе „морате“ да каснете парче торта или топло чоколадо, направете го тоа само еднаш. Подобро е еднаш да каснете од тоа што мозокот ви бара, отколку да се стегате и го избегнувате тоа. Така вашата желба само ќе се зголеми. Важно е да се биде умерен.
3. Вежбајте редовно! Тоа што не работите, не значи да го запоставите и вежбањето. Не треба многу, и 15-минутна прошетка секое утро е подобро од ништо.
4. Избегнете ги ноќните закуски! Каснете парче овошје или само напијте се чаша топол чај, а млекото и колачињата оставете ги за Дедо Мраз.
5. Не си играјте со сонот! Многу истражувања покажуваат дека редовното спиење во вистинското време, значи навечер, позитивно влијае врз одржувањето на нормална телесна тежина. Непроспиените ноќи само ќе ви одмогнат.