Занимливости

Превентивни совети кои ја спречуваат појавата на камчиња во бубрезите


Превентивни совети кои ја спречуваат појавата на камчиња во бубрезите

Речиси сите луѓе кои се соочуваат со камчињата во бубрезите тврдат дека тоа е најлошата болка која ја искусиле.

preventivni-soveti-koi-ja-sprecuvaat-pojavata-na-kamcinja-vo-bubrezite-01.jpg

Кога еднаш ќе добиете камчиња во бубрезите, шансите за нивно враќање по лечењето се огромни. Затоа, секогаш најдобар лек е превенцијата.

Клучниот совет кој го даваат сите лекари е да пиете најмалку 2 литри течности во текот на денот. Големата количина течности, посебно вода и незасладени чаеви, ги намалуваат шансите за појава на камчиња за цели 50%.

Причината зошто водата е толку делотворна се состои во измивањето на целиот организам, па деловите од камчињата можат да се исфрлат полесно без да се собираат како талог.

Исто така, се препорачува помала количина црвено месо и намирници богати со оксалат, супстанца која се наоѓа во јаткастите плодови, репката, чоколадото и зелениот лиснат зеленчук.

За крај, се советува да се намали консумацијата на газирани пијалаци кои содржат фосфорна киселина која помага во формирањето на камчињата во бубрезите. Плус, овие пијалаци може да предизвикаат дехидратација.

Имате некој совет за превенција од оваа непријатна појава?

Би можело да ве интересира:
37 факти за човечкото тело кои ќе ве изненадат: Срцето на жената чука побрзо од срцето на мажот37 факти за човечкото тело кои ќе ве изненадат: Срцето на жената чука побрзо од срцето на мажот…
Можеби мислите дека телото е ваше и сѐ што треба да знаете за него веќе ви е познато. Но, тоа крие м…
10 најубави плажи за 2014 година10 најубави плажи за 2014 година…
Според TripAdvisor’s Travelers Choice направена е листа на најдобрите плажи во светот. Сите се ранги…
Викенд предлог: На патот кон Охрид се кријат божествени убавиниВикенд предлог: На патот кон Охрид се кријат божествени убавини…
Посакувате ли да избегате од градските гужви? Посакувате ли да отидете на некое место, далеку од бук…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button