Потврдена врската меѓу депресијата и дебелината
Поврзаноста меѓу депресијата и дебелината е зголемена во адолесценцијата, пред сè кај девојките, покажаа најновата студија објавена во магазинот ’The International Journal of Obesity’, што ја истражувала поврзаноста меѓу депресијата и дебелината кај 1.500 млади на возраст од 11 до 24 години.

Во повеќе наврати, испитувачите вршеле антропометриски мерења и ги интервјуирале младите за да утврдат дали е присутно некое нарушување кај нив.
Било утврдено дека кај девојките со прекумерна тежина е зголемен ризикот од депресија и обратно.
Депресијата може да доведе до дебелеење поради зголемениот апетит, несоницата и летаргијата, додека дебелината може да го зголеми ризикот од депресија поради ниското ново на самодоверба, социјалната стигматизација и намалената подвижност.
Од друга страна, оваа поврзаност кај момчињата не била воочена

