Занимливости

Постојат 4 видови стомак: Кој е вашиот и како да се ослободите од него?


Постојат 4 видови стомак: Кој е вашиот и како да се ослободите од него?

Пред да прифатите строга диета заради вишокот сантиметри околу струкот, откријте од што е настанат, па потоа откријте како да се ослободите од него.

postojat-4-vidovi-stomak-koj-e-vasiot-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-01.jpg

1. Стомаче кое изгледа како дупната гума

Овој облик на стомак се јавува како последица на долго седење во едно место и неподвижност на телото. Покрај тоа, консумирањето на храна богата со шеќери може додатно да го зголеми проблемот.

Ако се борите со ваков стомак, најдобро е да го исфрлите алкохолот од секојдневна употреба, како и газираните сокови. Најлесно ќе се ослободите од него ако воведете здрава исхрана.

2. Стомак предизвикан од стрес

Ниското заоблено стомаче најчесто го имаат луѓето кои се перфекционисти, но и оние кои имаат проблем со варењето и подуеноста.

Единствен начин да се ослободите од него е да престанете да ги прескокнувате оброците, да се откажете од брзата храна и големата количина на кофеин.


3. Ниско стомаче

Мекото стомаче во долниот дел од стомакот најчесто е поврзано со едноличната исхрана и седењето во место. Овој вид на стомак може да се појави и кај слабите лица кои не се доволно активни.

Во овој случај најважно е движењето искомбинирано со разновидна исхрана и здрави цедени сокови и пијалаци за намалување на масните наслаги.

4. Подуен стомак

Подуениот стомак најчесто се јавува како последица од намирниците кои не му одговараат на вашиот организам, алергиите или пак оброците сиромашни со витамини и минерали.

Консумирајте пијалаци кои делуваат позитивно на системот за варење и ја намалуваат подуеноста. Во овој случај, не ви е потребна претерана физичка активност, туку балансирана исхрана.

Би можело да ве интересира:
Колку брзо и точно ќе одговорите на овие прашања?Колку брзо и точно ќе одговорите на овие прашања?…
За мало вежбање на мозокот и ослободување од секојдневните грижи, ви подготвивме мал, забавен спој о…
Како Наоми Кемпбел го запира стареењето?Како Наоми Кемпбел го запира стареењето?…
Со речиси 28 години стаж во модната индустрија, Наоми Кемпбел како никогаш да не се промени… …
Како да се издвоите од колегите на работа?Како да се издвоите од колегите на работа?…
Платата не треба да ви биде единствената мотивација за работа. Доколку го работите тоа што го сакате…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button