Пет навики од кои витките луѓе не се откажуваат
(Фото: boxeandmore.com) Се мачите со вишокот килограми и им завидувате на витките луѓе? Тогаш дефинитивно треба да ги знаете нивните навики кои им помагаат да ја одржуваат линијата. Ви пренсуваме неколку
1.Одење
Одете секогаш кога можете. Поточно, гледајте минимално да го користите автомобилот. Децата носете ги во училиште или во градинка пешки, а и користете ги велосипедот наместо автомобилот секогаш кога тоа е возможно. Околу половина час брзо одење согорува дури 140 калории.
2. Внимавајте колку и што јадете
Секогаш кога пред вас ја имате дилемата што да јадете, избегнувајте ја брзата храна, премногу тесто и слатки. Некои јадења можат слободно и целосно да се исфрлат од вашето мени, или пак да бидат нешто со кое одвреме-навреме ќе се почестите. Исто така, оброкот не мора секогаш да завршува со десерт.
(Фото: diabetesblue.co.za)
3. Не практикувајте диети
Луѓето кои немаат проблем со тежината не практикуваат диети, туку внимаваат колку и што јадат. Честите диети го успоруваат метаболизмот, а и не формираат здрави прехрамбени навики, туку само времено ставаат рестрикции на одредени производи односно комбинации на храна.
Фитнес инструкторот Лери Трек за Хафингтон пост објаснува дека на своите клиенти секогаш им советува редовно да вежбаат, но и да внимаваат на исхраната.
4. Скалите се закон
Наместо да го користите лифотот секогаш, вие направете да ви биде навика да се качувате и симнувате по скали. Ова е една од навиките која секојдневно малку по малку ќе ви помогне да ја одржувате линијата.
(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
5. Појадок
Без разлика колку сте поспани или мислите дека немате време за јадење, појадокот не смеете да го прескокнувате. Така на телото му ја давате потребната енергија уште од почетокот на денот, а многу студии токму тоа го посочуваат како начин на кој се спречува натрупувањето на вишокот килограми.
(Телеграф.мк)


