Занимливости
ОН: 21 јуни ќе биде Меѓународен ден на јогата
Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која 21 јуни се прогласува за Меѓународен ден на јогата.
Индискиот премиер Нарендра Моди повика за ден посветен на јогата во обраќање на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во септември.
Според него, јогата може да помогне за справување со светските проблеми, вклучувајќи промени во климата.
ОН веќе одредија 118 дена посветени на конкретни прашања кои треба да го привлечат вниманието на јавноста.
(Телеграф.мк/МИА)



