Причини поради кои треба да ја намалите консумацијата на обработена храна
Колку често консумирате храна која содржи вештачки состојки и адитиви? Ако производи како што се различните видови на салами и други месни обработки често се наоѓаат на вашата трпеза, треба да размислите што внесувате во својот организам.

Според она што го пренесува lifehack, обработената храна ве прави подебели, предизвикува болести и практично ви го намалува животниот век. Подолу можете да прочитате зошто треба да намалите со количеството обработена храна што ја консумирате.
70% од калориите доаѓаат од обработена храна
Седум од десет работи што една просечна личност ги консумира содржат додатоци. До вакви податоци дошла новинарката Мелани Ворнер која ја издаде книгата Pandora’s Lunchbox: How Processed Food Took Over the American Meal. Секако, овие податоци се однесуваат на САД, но веројатно ни остатокот од развиениот свет не е далеку од овој процент.
Создава зависност
Има причина поради кои не можете да се заситите од обработената храна. Оваа храна е така направена да ве направи зависни од неа. Обработената храна го поттикнува излачувањето на допаминот, кој има слично дејство врз мозокот како користењето наркотици. Компаниите за храна ја знаат оваа тајна и ги создаваат производите според оваа формула за да го постигнат ефектот, односно да ве направат зависни од нивните производи.
Ви го крати животниот век
Постои студија која покажа дека обработената храна го намалува животниот век.

Ве прави подебели
Чипсот, газираните сокови, различни видови слатки се најбрзиот пат до вишок на килограми.
Виновник за најголемиот број на модерни болести
Севкупниот впечаток од преку 100 спроведени студии е дека речиси сите болести на новото време делумно се последица на модерната исхрана богата со обработена храна.
Обработената храна ја намалува способноста на организмот да согорува калории
Консумирањето на оваа храна ја намалува способноста на организмот за согорување калории и до 50%.
Месо кое влијае штетно врз здравјето
Сланина, шунка, колбаси… Сето ова е навистина вкусно, меѓутоа ефектите од нивната консумација може да бидат катастрофални. Студиите покажаа дека консумацијата на ваквиот вид храна може да предизвика појава на болести на срцето, дијабетес и го крати животниот век.