Занимливости

ПСИХОЛОЗИ: „Селфи“ е ментално нарушување со три нивоа

Американската психијатриска асоцијација (АПА) официјално потврди дека популарниот тренд „селфи“, односно фотографирањето самиот себе, всушност е ментално нарушување.

– Селфото е ментално нарушување, а се дефинира како опсесивна желба за фотографирање на самиот себе и поставување на истите фотографии на социјалните мрежи, поради недостиг на самодоверба и пополнување на празнините во интимниот живот – велат од АПА.

Според американската асоцијација, постојат три нивоа на нарушување.

Првото е ограничено селфи, односно фотографирање себеси најмалку трипати дневно без објавување на фотографиите на социјалните мрежи.

Второто ниво е акутно селфи, односно фотографирање на самиот себе трипати дневно, објавувајќи ги сите фотографии на социјалните мрежи.

И третото ниво е т.н. хронично селфи, односно неконтролирано фотографирање на самиот себе со објавување на фотографии на социјалните мрежи, најмалку шест пати дневно.

Експертите тврдат дека најдобар лек за ваквото нарушување, се когнитивно-бихевиоралните терапии, односно терапиите за лекување на нарушувањата во однесувањето.

(Телеграф.мк/24sata.rs)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button