Занимливости

Прегратка за среќа и здравје

pregratka

Окситоцинот, хормонот на среќата и врзувањето, кој најмногу се излачува во текот на породувањето и доењето, после прегрнувањето расте, а кортизолот, хормонот на стресот опаѓа. Што се се случува во нашето тело кога се прегрнуваме штом е овој гест толку омилен кај луѓето? Се прегрнуваме кога ќе се сретнеме, кога се разделуваме, кога сме весели или тажни…

Одговорот на ова прашање е прилично интересен затоа што експериментите покажале дека прегрнувањето предизвикува промени во нивото на двата клучни хормони за расположението, окситоцинот и кортизолот.

Хормонот на среќата и врзувањето, окситоцинот, после прегрнувањето расте, а кортизолот, хормонот на стресот опаѓа, па така прегратката е благотворна за поправање на расположението и за намалување на стресот, а воедно го намалува и крвниот притисок и ризикот од срцеви болести.

Најголеми промени во нивото на окситоцин се забележани по прегрнувањето на личностите кои се вљубени, но и пријателските прегатки имаат еднакво, но нешто помалку моќно делување.

Научниците дошле до заклучок дека прегратката е благотворна заради окситоцинот кој воедно го јакне имунолошкиот систем и ја ублажува болката.

Прегратката е инаку гест со кој се гради доверба и чувство на сигурност, а долгите прегатки го подигаат нивото на серотонин, хормон на среќата и ја стимулира жлездата која го регулира производството на бели крвни зрнца и на тој начин го јакне имунолошкиот систем.

Затоа, прегрнувајте се секој ден и ќе бидете и поздрави и посреќни!

Преземено од: Убавина и здравје

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button