Научете да го направите: Сируп од коприва идеален за прочистување на крвта
Традиционалниот сируп од коприва се користи за прочистување на крвта, но е вкусен и е освежителен пијалaк, ако се измешате со газирана вода и малку мраз.Научете како да го направите.
Овој сок е добар против реума и артритис, а бидејќи копривата содржи многу железо се користи и во борбата против анемијата. Сокот од коприва го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се верува дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми, како и губитокот на косата.
Не мора секогаш да го разблажувате со вода, можете само да го посипете преку своите омилени палачинки. Ви донесуваме два рецепти – едниот е сосема едноставен,а другиот е во комбинација со лимон и мед.
Обичен сируп од коприва
За овој едноставен сируп од коприва потребни ви се: 1 кг листови од млада коприва, 2,5 литри вода и шеќер (500 г на секои 500 мл течност).
Измијте и исцедете ги листовите од коприва, па натопете ги во вода и варете ги на средна температура околу еден час. Процедете, па додадете шеќер и мешајте додека целосно не се стопи. Добиениот сируп ставете го во стаклени шишиња и затворете го добро. (На листовите од коприва можете да додадете и листови од црни рибизли во сооднос 1: 1).
Сируп од коприва, мед и лимон
Потребни состојки: 400 г свежи млади листови од коприва, сок од 6 големи лимони, 800 г шеќер, 5 лажици мед и 1 литар филтрирана вода.
Постои еден трик, доколку не ви се допаѓа идејата да консумирате волку шеќер, можете да го замените шеќеротсо мед, но само дел, да речеме 300 г – заменете го со 1 кг мед, но да не го варите, туку додадете го во разладениот сируп. Вака добиениот сируп од коприва има пократок рок на траење.
Копривите измијте ги и исечкајте ги. Истурете вода во тенџере и ставете шеќер (да речеме, половина кафен, половина бел шеќер). Ставете на шпоретот да се вари повремено мешајќи (кога ќе зоврие нека врие 5 минути). Ако се појави пена на површината, отстранете ја со лажица.
Ставете ја копривите во керамички сад и прелијте ги со шеќерениот сируп. Преклопете ја смесата со чинија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете така 10 минути. Потоа додадете го сокот од лимон и мед. Извадете ја копривата со раце и цедете го сокот. Кога ќе го добиете сирупот, процедете преку цедилка, ако е потребно и работата е завршена. Сипете го сирупот од коприва во стерилизирани шишиња, затворете го и оставете го на ладно и темно место.
Сокот од коприва се консумира мешајќи ¼ чаша сируп со ¾ вода. Сируп од коприва може да се користи 6 месеци.
Подготви: К. А:
Фото: bh-index.com


