Занимливости
Ја победи болеста со помош на „Инстаграм“
(Фото: Телеграф.рс) Пред една година осумнаесетгодишната Антонија Ериксон буквално умираше од анорексијата. Нејзините органи откажуваат, коските ѝ беа ослабнати, а рефлексите престануваа да ѝ работат. Патеше од тежок облик на анорексија и нејзиниот проблем го сподели на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што добиваше неизмерна поддршка.
Девојката не се предаде. Во септември 2012 година се пријави на лекување и се бореше за нејзиниот живот. За да ги охрабри и другите кои имаат проблеми со исхраната, оваа млада Швеѓанка ги документирала промените и фотографиите ги поставувала на „Инстаграм“.
На истиот профил сега ги споделува фотографиите од нејзиното здраво тело и ги охрабрува останатите да се борат за својот живот.
(Телеграф.мк)

