Ниту ракот на кожата не ја натерал да престане да оди во солариум

Луси Сим е зависна од солариум, иако тој и предизвикал рак на кожата. После закрепнувањето, таа продолжила да оди на солариум. „Многу ми е тешко да престанам. Се чувствувам како солариумот да ми дава прекривка без која би морала да се кријам. Се обидов со крема за самопотемнување, но не е тоа тоа“, рече таа во емисијата „This Morning”.
Луси, која има едно дете, гостуваше во емисијата со својата сестра близначка. Тие две почнале да одат во солариум од 14 години и тоа им станал секојдневен ритуал. Им се допаѓало како изгледаат после солариумот и имале поголема самодоверба поради тоа.

„Тоа беше новина во нашиот град, нешто што мора да се направи“, вели Луси.
Сем, која има две деца, престанала да оди во солариум пред четири години, но и` останале последици. „Забележав чуден младеж кој личеше на чоколадо и отидов кај доктор да го прегледа. Веднаш го отстранија. Неколку недели чекав да стигнат резултатите за тоа дали имам рак, но на крајот се` беше во ред“, вели Сем.
Но, без оглед на тоа што Сем се истрауматизирала, Лиз продолжила да оди во солариум. „Го потиснав тоа што и` се случи на Сем, мислев дека мене нема да ми се случи истото“, раскажува Луси. Но, тогаш, и таа забележала необичен младеж на ногата со темносина боја. „И` го покажав на Сем и таа веднаш знаеше дека нешто не е во ред“, вели Луси. Младежот бил отстранет, но понатамошните тестови покажале дека Луси немала толку среќа како сестра и`.
„Ми кажаа дека имам рак и дека ми е потребно понатамошно лекување. Се чувствував глупаво, како сама да си го направив тоа. Се` уште не можам да поверувам дека ми се случи тоа. Ми остана огромна лузна на ногата“, раскажува таа.

