Занимливости

Како штиклите го уништуваат нашето тело

Високите потпетици предизвикуваат болка во долниот дел од грбот кај понежниот пол, го зголемуваат притисокот на коските што доведува до зголемено трошење и брзо оштетување, а воедно ја скратуваат и Ахиловата тетива.

tumblr_lgr0cgkXKy1qdb0k4_large

Иако после само неколку часа поминати на високи потпетици понежниот пол чувствува болка, ретко која од жените би се откажала од нив, а некои одат чекор понатаму што подлегнуваат под естетските операции се со цел да носат штикли од 15 сантиметри.

Оштетување на стапалата
Стапалата делуваат како перничиња кои ја штита коскената структура од удари, но на потпетици тие не можат да ја извршуваат својата природна функција. Колку потпетицата е повисока, толку е поголем и притисокот на коските. Така, штикла од 10 сантиметри го зголемува притисокот за цели 30%. Потпетиците го нарушуваат природниот спој помеѓу коските и нервите од петата до прстите што може да доведе до значајни нарушувања кај нервите во овој дел од телото.

Зглобови и листови: Влијаат на проширените вени
Носењето чевли со висока потпетица ја менува природната положба на зглобовите, со што може да ја прекине циркулацијата во долните делови на делото со што може да предизвика проширени вени. Слично делување имаат и на Ахиловите тетиви. Високите потпетици предизвикуваат и скратување на листот кој се прилагодува на неправилниот агол кај овие чевли. Ова може да предизвика скратување и набивање на самиот мускул, што би довело до хронична болка и непријатности дури и кај носењето на рамни чевли.

Колената се повеќе се разјадуваат
Коленото е најголемиот зглоб во телото и делува како амортизер ублажувајќи ги ударите од движењето. Тоа природно се подмачкува, со што се штити ‘рскавицата, но високите потпетици прават огромен притисок на неговата внатрешност што доведува и до зголемено трошење на самото колено. Поради огромниот притисок коленото не се подмачкува доволно, а поради ова може да се предизвика остеаортритис. Оваа болест резултира со болки при движењето, чкрипење на зглобовите и ограничено движење.

На колковите и половината притисокот е зголемен
Високите потпетици ги исфрлаат колковите и половината од исправната положба при што се зголемува притисокот на колената и на мускулите, како и тетивите на карлицата и долниот дел од грбот. Колку повеќе се напнуваат мускулите, толку е поголем и ризикот од повреда.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button