Занимливости

Непушачи, овие навики ве убиваат исто како да пушите цигари

Можеби ќе се изненадите, но некои секојдневни навики се лоши за вашето здравје исто како и пушењето на цигари.

Сите ние имаме лоши навики на кои не се гордееме. Иако сме свесни колку е штетно пушењето, често забораваме и на други работи кои се подеднакво погубни за нашето здравје. Можеби ќе се изненадите, но некои секојдневни навики се лоши за вашето здравје исто како и пушењето.


СЕДИТЕ ПО ЦЕЛ ДЕН


Многу од нас седат по цел ден поради работата, а има и такви кои слободното време го поминуваат пред телевизор, компјутер… Седечкиот стил на живот го зголемува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, рак, па дури и депресија. Истражувањата покажаа дека долготрајното седење ја зголемува опасноста од предвремена смрт, а тоа важи и за оние кои вежбаат. Доколку сфатите дека поголемиот дел од денот сте го преседале, обидете се да станувате периодично, дури и по чаша вода или протегнете ги нозете за време на паузата за ручек.


ПИЕТЕ ГАЗИРАНИ ПИЈАЛОЦИ


Редовното конзумирање на зашеќерени напитоци го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, дури и ако не сте дебели. Дополнителните дози на шеќер можат да доведат и до дијабетес, ментални заболувања, висок холестерол и висок притисок. Доколку го сакате вкусот на некој сок, заменете го со свежо цеден сок од овошје.


НЕ СПИЕТЕ ДОВОЛНО


Денес сите се толку многу зафатени, што сонот често го заменуваат со работа или дружење. Недостатокот на сон води кон дебелеење и го зголемува крвниот притисок. Поради хроничната ненаспиеност е зголемено лачењето на хормонот кортизол, а високата доза од тој хормон се доведува во врска со ризик од срцев и мозочен удар. Обидете се да спиете еден час подолго во текот на ноќта или ако не можете, вметнете 20-минутна дремка во дневната рутина.


СЕ СОНЧАТЕ ВО СОЛАРИУМ


Веќе знаете дека солариумот го зголемува ризикот од рак на кожата. Оние кои го користат солариумот пред 30 година, се изложуваат себе си на ризик од појава на меланом за 75%, а повеќе од 400.000 случаи на рак на кожата се во директна поврзаност со употребата на солариум.


ЈАДЕТЕ ПРЕМНОГУ МЕСО


Нутриционистите дошле до заклучок дека луѓето чија исхрана е богата со протеини од животинско потекло, четири пати почесто умираат од рак отколку оние кои дневно внесуваат повеќе намирници од растително потекло. Тоа е компаративно слично со ефектите од пушењето. Воведете еден ден во неделата кога нема да јадете месо.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button