Занимливости

Напиток против отекување на нозете





noze-z



За да се спречи отекување на нозете од топлината, треба листовите на нозете да се тушират со студена вода, да се избегне прекрстување на нозете, да не се стои долго на место или да се седи, а можете да направите и природен напиток.

Топлината може да биде штетна за нозете, затоа што предизвикува отоци. Уште ако патувате или долго седите, ваквите проблеми се неминовни.

Тоа што можете да го направите е природен напиток. Иситнете лист или корен од магдонос и прелијте го со 4 дл. вода, поклопете и оставете преку ноќ да отстои. Наутро се процедува, се додава сок од лимон и напитокот. Треба да се пие три пати на ден, по 1 дл.

Можете да се обидете  со друг рецепт. Во еден литар вода додајте четири лажички ленено семе и ставете на ринглата да се вари 15 минути. Поклопете  и оставете да отстои на топло место еден час, па се додава сок од лимон. Пијте една чаша од напитокот на секои половина час, додека не го испиете. И така правете наредните десет дена.













Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button