Занимливости

Клучен ден за РК Металург, Липовина си заминал од клубот

Во очекување на разврската на кризата во ракометниот клуб Металург, десниот бек Владан Липовина го напушти тимот. Црногорскиот репрезентативец кој летово дојде во екипата од Автокоманда, според пишувањето на „Balkan-handball.com“, бил многу блиску до трансфер во бундеслигашот Вецлар.

Инаку, минатата недела од Металург си замина голманот Мирослав Коциќ, претходно тоа го стори и Дарко Станиќ кој спогодбено го раскина договорот, додека се најавува дека наскоро ќе замине и пикерот Мијајло Марсениќ.

Инаку, денеска е клучен ден за иднината на Металург, бидејќи до полноќ може да биде пријавен составот за настап во Лигата на шампиони. Од ЕХФ будно ја следат ситуацијата во која се наоѓа клубот, кој во сабота ќе треба да гостува во Шпанија, кај Ла Риоха.

Последните информации говорат дека сопственикот на Металург, Минчо Јорданов и тренерот Лино Червар треба да одржат состанок со играчите, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button