Занимливости

Направете сами напивка против отекување на нозете

За да се спречи отекување на нозете од топлината, треба листовите на нозете да се тушират со студена вода, да се избегне прекрстување на нозете, да не се стои долго на место или да се седи, а можете да направите и природна напивка.

Топлината може да биде погубна за нозете, затоа што предизвикува отекување. Уште ако патувате или долго седите, ваквите проблеми се речиси неминовни. за да ги предупредите, листовите од нозете треба да ги туширате со студена вода, да избегнувате да ги прекрстувате нозете и да се трудите што помалку да стоите во место или премногу долгу да седите. 

Она што плус можете да го направите е природна напивка. Иситнете лист или корен од магдонос и прелијте го со 4 дл вода, поклопете и оставете преку ноќ да отстои. Наутро процедете, додајте сок од лимон и напивката е готова. Треба да се пие три пати дневно, по 1 дл.

Можете да се обидете и со друг рецепт. Во еден литар вода додајте четири лажички ленено семе и ставете на ринглата да се вари 15 минути. Поклопете и оставете да отстои на топло место еден час, па додајте сок од лимон. Пијте една чаша од напивката на секои половина час, додека не ја испиете. И така правете наредните десет дена. 

Подготви: К. А.

Фото: novosti.rs

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button