Не ги нарекувајте децата паметни: Генијалноста е преценета
На било која возраст на која паметните луѓе ја развиваат свеста дека се паметни, развиваат и ранливост ако ја губат таа етикета. Разликата помеѓу кажувањето на вашите деца „Направи одлична работа“ и „Многу си паметен“ не е суптилна. Според едно растечко движење во образованието и родителството, треба сосема да го отстраниме користењето на „зборот на буквата П“.
Идејата е дека кога ги фалиме децата бидејќи се паметни, тие деца мислат дека се совршени. А подоцна, кога ќе направат некоја грешка, а тоа неизбежно ќе се случи некогаш, мислат дека сепак не се паметни како што родителите им велеле, а тоа е најлошото што може да им се случи. Затоа место да ризикуваат, одбегнуваат работи кои знаат дека нема да ги исполнат како што сакаат. Паметните деца имаат особено силна аверзија и страв од грешки, кои се критични и важни за учењето и успехот.

„Грешките ви помагаат да го пораснете мозокот“, вели Џо Болер, професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Тој забележува дека барем мал дел од големиот мозок наречен таламус може да порасне после периоди на когнитивна стимулација кога правиме грешки. Тоа што е најважно за подобрувањето на перформансите е што личноста е предизвикана, а за тоа треба состојба на умот која е рецептивна за предизвиците. Кај овие деца, место предизвик, има страв од неуспех. А тоа е најлошото што учителите или родителите можат да им го направат на децата и тоа не можат да го сменат кога ќе пораснат.
Луѓето можат да се родат со понапредни когнитивни способности, но тие разлики може да бидат засенети во текот на годините на раст и развој. Кога луѓето имаат добри резултати (академски, физички или на друг начин) на рана возраст тие се етикетирани како паметни или надарени, и ја земаат таа способност здраво за готово, станувајќи помалку способни да се предизвикаат себеси. Помала е веројатноста да прават грешки, бидејќи остануваат во нивната удобна комфорна зона и престануваат да ја шират. И ваквата состојба на ум ја задржуваат и во годините на зрелост. Едноставното и невино фалење на децата и тврдењето дека се паметни е голем проблем во кој истражувачите ги гледаат и разликите на вработување кај жените и мажите.

Значи, крајот на „зборот на П“ е голема мисија.
„Императивно е да не им велиме на децата дека се паметни. Велејте им на децата дека направиле нешто одлично, но не им ја давајте таа етикета од мали“, вели Болер.
Идејата на постоење на фиксиран начин на размислување, во која луѓето се бележат како паметни или не, е спротивставена на растечкиот начин на размислување, според која луѓето стануваат интелигентни и полни со знаење преку учење и пракса. Во нејзината книга Новата психологија на успехот, психологот Керол Двек ги опишала двете: луѓето со растечки начин на размислување веруваат дека колку повеќе работат, толку попаметни стануваат. Другите, паметните деца, веруваат дека се паметни дури и ако го запоставуваат својот интелект.
Групата која е најоштетена од фиксираниот начин на размислување се девојчињата со добар успех, бидејќи токму на нив им е кажано од општеството дека веројатно нема да бидат добри во нешто како машките. Тоа значи дека е поголема веројатноста тие да одбегнуваат да се предизвикаат себеси во нешто, и дека аверзијата дека ќе направат грешка води кон помалку учење и прогрес.

„Кога им ја пренесуваме на децата пораката дека е нормално да се греши и дека грешките се добри, дека и успешните луѓе прават грешки, може да ја смени целата нивна траекторија“, вели Болер. Сто проценти не е идеален резултат. Кога децата си доаѓаат дома од училиште и велат дека имаат најдобар резултат во сите предмети на училиште, значи дека ја испуштиле шансата да научат нешто повеќе со поместување на своите граници.