Лубеницата го подобрува квалитетот на вашиот сексуален живот
Понеделник, 07 Јули 2014 10:45
Лубеницата на многумина им е омилено летно овошје. Освен што освежува, лубеницата ќе ви помогне и да ослабнете, ќе ви ја подобри циркулацијата, ќе ви го намали притисокот, а ќе ви ја подобри и желбата за сексуални односи.

Според неодамна спроведеното истражување, аминокиселините од лубеницата ја подобруваат циркулацијата и можат да ја подобрат еректилната дисфункција.
Нашето тело користи „цитрулин” за да произведе уште една аминокиселина таканаречена „аргинин”, која има влијание како вијагра.
Освен тоа, лубеницата содржи состојки кои помагаат при лечење на ангина, висок притисок и други кардиоваскуларни проблеми.
Лубеницата е одличен избор за топлите летни денови. Содржи 92 проценти вода, 8 проценти шеќери и само 71 калорија по еден оброк. Освен тоа, таа е одличен извор на витамин Ц.