Занимливости

Три опасности кои се кријат во коцките лед

Веројатно не сте знаеле дека во коцките лед кои стојат во ледоматите се наоѓаат многу „загадувачи“.

Иако луѓето со здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во ледот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици врз здравјето може да има нивната долгорочна  консумација па затоа е потребно ледот да се третира на вистински начин.

Ова се трите опасности кои најчесто се наоѓаат во коцките лед.

Во апаратите за лед се акумулираат бактерии. Тие ја загадуваат водата во текот на процесот на замрзнување и создавање на ледот. Ледоматот воглавно се третира како останатите кујнски апарати  и не се чистат поради предрасудите дека не се валкани. Меѓутоа, тоа е грешка и дека им требаат редовни третмани на чистење.

Најголемиот виновник за загадувањето на ледот е мувлата. Иако минусните температури не поттикнуваат создавање на мувла, може да дојде до таков проблем ако ледоматот  често се гаси. Тогаш доаѓа до топење, до собирање на влага и на крај до создавање на мувла. Ледоматите задолжително треба да се исчистат пред употреба , особено ако долго време биле надвор од употреба.

Бактериите ги сакаат и лопатките за лед. Ако келнерот ја допира лопатката за лед се немиени раце и потоа ја врати во ледоматот, бактериите од неговите раце преминуваат во апаратот и одат директно на ледот. Истот  важи и за домашната подготвка на лед. Секогаш измијте ги рацете пред да го вадите ледот од садот за замрзнување. Микробиолозите предупредуваат дека ледот може да стане опасен изворт на зарази и затоа со него треба да се биде внимателен. 

 

 

 Подготви:Б.В.

фото: Guliver/ThinkStock


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button