Занимливости

ЛЕКАРСКИ АПЕЛ: Внимавајте и кацигата на глава предизвикува топлотен удар (ФОТО)

Македонија влезе во жолта фаза, температурите се искачија на 40 степени, а зрачењето е во опасниот индекс, девет. Сите овие податоци се доволен аларм за граѓаните да внимаваат на своето здравје и да го намалат времето поминато на сонце и воопшто на отворено.


Лекари веќе советуваат да не се излегува на отворено од 10 до 17 часот, да се пијат големи количини течности, да се внимава во исхраната, како и со облеката, која треба да биде лесна и во светли бои.

Совети за тоа како треба да се постапува во услови кога температурите се значително високи, побаравме од докторот Александар Крстевски, шеф на Ургентниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Топло време (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

Топло време (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

– На овие високи температури се препорачува сите оние што немаат потреба да излегуваат надвор да седат дома, да пијат повеќе течности. Ова особено се однесува за младите категории и за возрасните хронично болни пациенти. Хронично болните пациенти треба да ја земаат редовно терапијата пропишана од лекарите. Кај хронично болните пациенти со зголемен крвен притисок и кардиолошките пациенти, зголемена е можност да добијат мозочен или срцев удар – вели Крстевски.

Тој воедно советува граѓаните да го избегнуваат движењето надвор помеѓу 10 и 16 часот, сите обврски да ги завршат по овој период. Во меѓувреме треба да се консумираат големи количини течности и лесна исхрана.

Доктор Александар Крстевски, „Аџибадем Систина“ (Фото: Клиничка болница „Аџибадем Систина“)

Доктор Александар Крстевски, „Аџибадем Систина“ (Фото: Клиничка болница „Аџибадем Систина“)

Доколку имате неопходна работа и не може да се одложи, тогаш на главата е препорачливо да се стави шапка, но и заштитен крем. Треба да се носи лесна облека во светла боја, која не е залепена за телото, како и очила за сонце.

– Не влегувајте веднаш во автомобил, прво отворете ги вратите да се излади малку и доколку имате можност употребувајте клима-уред. Наглото влегување од топла во ладна просторија и обратно не е препорачливо, мора да има период на адаптација – советува Крстевски.

Докторот нагласува дека треба да се внимава и на исхраната, особено ако се употребува зеленчук. Тој треба добро да се измие за да не дојде до цревни заболувања и интоксикации, кои во овој период се многу чести.

(Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов)

(Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов)

Луѓето кои во овој период ги користат годишните одмори и се покрај вода треба често да се разладуваат, но во периодот до 10 часот, а во периодот од 11 до 17 часот да бидат под сенка или во затворена просторија. Да употребуваат кремови со висок заштитен фактор и, се разбира, многу течности – советува лекарот.

Крстевски нагласува дека непридржувањето до овие совети може да има штетни последици по здравјето на луѓето.

– Ако не се применуваат овие совети може да дојде главоболка, гадење, повраќање, зголемување на телесната температура, но и до кардиоваскуларен колапс. Доколку се појават првите симптоми на сончаница или топлотен удар, веднаш појдете до најблиската медицинска установа. Во спротивно, престојувајте во ладна и затемнета просторија. Ако имате главоболка може да се напиете некој аналгетик, парацетамол и да ставите ладни облоги на главата, но и ладење со студена вода под туш – вели Крстевски.

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

(Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)

Лекарот дава и совети за оние што низ градските средини се движат со велосипеди и со мотоцикли.

– Возењето велосипед се препорачува, но во раните утрински часови или попладне, кога сонцето не е многу јако. Оние што возат мотоцикли, пак, нема да ја почувствуваат топлината, но кацигата е таа која прави топлотен удар. Доколку морате да бидете надвор во овие топли денови, одлучете се за патеки со дебели сенки – нагласува докторот Крстевски.

Лекарот советува да се избегнуваат сувомесните производи, особено тие што не се соодветно чувани, зашто може да доведат до тешки здравствени нарушувања.

– Не купувајте продукти што не се ставени во фрижидер, а ако веќе ги купите мијте ги добро со многу вода. Не се препорачува консумирање брза храна, бидејќи имаме серија на труења. Воздржете се од консумирање секаков вид месо во овој период доколку можете. Доколку, пак, не можете, практикувајте тоа да е подготвено во домашни услови и добро сварено. Консумирајте и ладни негазирани пијалаци – апелира лекарот.

(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

(Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Како што нагласува Крстевски, дехидратацијата е една од најзастапените појави во летниот период.

– Доколку ни дојде ваков пациент, ние веднаш вклучуваме венска линија, ги рехидрираме бидејќи немаат внесено доволно течности и се справуваме со симптомите што ги има пациентот – вели шефот на Ургентниот центар при Клиничката болница „Аџибадем Систина“.


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-9.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-8.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-7.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-6.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-5.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-4.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-3.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -


  • Топло време


    http://www.telegraf.mk/wp-content/uploads/2015/07/07/Toplo-vreme-1.jpg

    (Фото: Телеграф.мк/Радован Вујовиќ)


    -







Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button